Пеп Гвардиола ова лето би можел да добие засилување од тимот на Мурињо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ривалството помеѓу двата големи тренери датира уште од времето во Шпанија кога Португалецот и Каталонецот играа еден против друг во „Ел Класико“. Подоцна тоа ривалство се пресели на Островот.
Денес Мурињо го води Тотенхем, а Гвардиола Манчестер Сити.
Англичаните пишуваат дека Гвардиола покажал интерес за Хари Винкс кој игра под „палката“ на Мурињо и со Тотенхем има договор до 2024 година. Според информациите на „Дејли Мејл“ Сити за неговите услуги спрема понуда од 40 милиони фунти.
Винкс оваа сезона играше и кај Покетино и кај Мурињо. Забележа повеќе од 40 натпревари, но доаѓањето на Хојберг од Саутемптон веројатно ќе ја намали неговата минутажа.