Дома Трансфер зона Интер тргнува по Ндомбеле

Интер тргнува по Ндомбеле

Интер е силно заинтересиран за играчот за врска на Тотенхем, Танги Ндомбеле, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Нероаѕурите“ веќе стапиле во контакт со Тотенхем и се распрашуваат за 23-годишниот играч, кој не добива голема минутажа кај Мурињо.

Откако продолжи првенството во Англија, францускиот репрезентативец запиша само два настапи и тоа влезе од клупата за резерви.

Ндомбеле минатото лето пристигна како големо засилување за 55 милиони фунти, но не се вклопува во формацијата на Мурињо.

За него интерес покажуваат уште Барселона и ПСЖ, но Тотенхем не сака лесно да се раздели со својот најскапоплатен играч.

Италијанските медиуми тврдат дека двата клуба може да договорат трампа во која ќе биде вклучен Милан Скриниар, кој е голема желба на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…