Дома Фудбал Останато Ex, Јунајтед да го послушаше Ван Гал…

Ex, Јунајтед да го послушаше Ван Гал…

Англиските медиуми потсетуваат дека Холанѓанецот инситирал на доведување на играчот кој сега е на чекор од „Театарот на Соништата“, но тогаш Ван Гал немаше поддршка од раководството на клубот.

При пристигнувањето во Јунајтед, Ван Гал составил листа на желби на која на врвот бил, Фабињо. „Ѓаволите“ тогаш понудија 10 милиони фунти за овој играч, но клубот од „Кнежеството“ бараше двојно повеќе, па приказната се заврши на тоа.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тогаш Јунајтед се откажа од Бразилецот и на негово место го доведе Матео Дармиан од Торино, за 18 милиони евра.

Две години подоцна, Фабињо повторно е на мета на Манчестер Јунајтед, вистина, тој во меѓувреме е прекомандуван од десената бековска позиција во средниот ред, но неговата цена сега е далеку поголема.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победи за фаворитите во денешните натпревари во Лигата на шампионите

Вториот ден од програмата на Лигата на шампионите понуди неколку извонредно интересни натп…