Раководството на Реал Мадрид го промени мислењето околу иднината на напаѓачот Лука Јовиќ, пренесуваат шпанските медиуми.
До неодамна се тврдеше дека Јовиќ сигурно ќе биде продаден ова летo, но од „Сантиаго Бернабеу“ сепак одлучија да му дадат уште една шанса.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Србинот пристигна минатото лето од Ајнтрахт за 60 милиони евра и не ги оправда очекувањата па постигна само два гола.
За него постои интерес од неколку европски клубови, но Реал нема да може ни приближно да ја врати вложената сума, па поради тоа „кралевите“ сакаат да го задржат уште една сезона.
Најсилен интерес за Јовиќ покажуваше Милан, но откако „росонерите“ одлучија да го задржат Ибрахимовиќ го „оладија“ интересот за Србинот.