Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул ја прифатил понудата на Зенит за дефанзивецот Дејан Ловрен.
31-годишниот дефанзивец и минатото лето беше на излезна врата од „Енфилд“, но сепак реши да остане уште една година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа сезона беше во втор план кај Клоп, па Ливерпул реши да ја прифати понудата од 12 милиони евра од рускиот клуб.
Ловрене влегува во последната година од договорот, па ова лето последна шанса „црвените“ да заработат на неговото заминување.
Хрватот веќе има договор со рускиот клуб, па се очекува наскоро и официјализирање на трансферот.
Заминувањето на Ловрен сигурно ќе значи дека Клоп ова лето ќе донесе нов дефанзивец на „Енфилд“.