Дома Фудбал Гвардиола: Немам почит за Арсенал надвор од теренот

Гвардиола: Немам почит за Арсенал надвор од теренот

Менаџерот на Манчестер Сити,Пеп Гвардиола даде многу интересна изјава на адреса на Арсенал.

Пред неколку дена „топџиите“ предводени од Микел Артета го елиминираа Манчестер Сити во полуфиналето од ФА Купот со резултат 2:0.

Меѓутоа, Гвардиола категорично го разграничи однесувањето на лондонскиот тим на теренот и тоа што го прави клупското раководството надвор од теренот.

„Противниците секогаш заслужуваат почит, и Арсенал ја има мојата почит, но само за тоа што го прави на теренот, а не за тоа надвор од теренот“, изјави Гвардиола и додаде:

„Им честитам и им посакувам среќа во финалето против Челзи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија оди по нов успех во Струга, Криезиу предупредува на ситните детали

Струга и Шкендија се среќаваат во 13. коло, а Алмир Криезиу ја нагласува важноста на психо…