Aнтоан Гризман не покажа премногу во неговата прва сезона во дресот на Барселона.
Францускиот напаѓач пристигна како големо засилување, но само на моменти тој го покажува квалитетот и формата од Атлетико.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во последно време многу се зборува за негово евентуално заминување. Французинот се поврзуваше со бројни клубови, но од тоа нема да има ништо.
Гризман и неговите претставници вчера имале состанок со раководството на Барселона кое било предводено од Ерик Абидал. После тој состанок Французинот добил одговор дека на него се смета и наредната сезона и дека клубот не сака да го продаде.
„И тоа како сметаме на тебе и наредната сезона“, гласела наводно пораката од Абидал до Гризман.
Гризман сезонава одигра вкупно 44 натпревари за Барселона и оствари учинок од 15 гола и четири асистенции.