Ливерпул после 30 години конечно стана шампион на Англија, меѓутоа менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп кој успеа во тоа е лут на правилата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, според правилата еден играч мора да одигра најмалку пет натпревари во првенството за да има право да добие медал. Поради тоа Клоп е лут.
„Во буквална смисла секој играч на Ливерпул заслужува медал и ќе го добие, во тоа можете да бидете сигурно. Ако не од Премиер лигата, тогаш од мене“, изјави Клоп.
Со оваа изјава Клоп сигурно дополнително ќе го подобри својот однос со фановите кој е на високо ниво.