Дома Фудбал Гризман е незадоволен ама поради една причина не сака да замине од Барса

Гризман е незадоволен ама поради една причина не сака да замине од Барса

Aнтоан Гризман е незадоволен од статусот во Барселона и преку неговата сестра која е и негов агент побарал да разговара со управата на клубот.

Гризман на последните четири натпревари три пати влегуваше од клупата за резерви и во тие натпревари собра 20 минута. Капката која ја „прели чашата“ беше последното дерби против Атлетико (2:2) во кое Кике Сетиен во игра Гризман го стави во судиското продолжение.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Цело семејство на Гризман е незадоволно од односот на Сетиен кон Гризман, тоа го покажаа и јавно.

Сепак, шпанското радио „Кадена Сер“ тврди дека Гризман не сака да ја напушти Барселона, објасни и зошто.

„Многу е разочаран и тажен што Сетиен го остави на клупата, посебно затоа што беше еден од оние кои најмногу се труди на тренинзите. Зошто не заминува ако не е задоволен? Затоа што Гризман како и повеќето негови соиграчи знае дека Сетиен наредната сезона нема да биде тренер на Барселона“, пишува „Кадена Сер“.

Гризман сезонава одигра 43 натпревари и постигна 14 гола додавајќи 14 асистенции. Минатата сезона во Атлетико ја заврши со 21 гол и 10 асистенции, сезоната претходно постигна 29 голови и 15 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…