Дома Трансфер зона Реал Мадрид не се откажува од Канте

Реал Мадрид не се откажува од Канте

Реал Мадрид го поднови интересот за ѕвездата на Челзи, Нголо Канте пренесува весникот „АС“.

Весникот тврди дека Челзи е спремен да се раздели со фантастичниот Французин за да го финансира летниот трансфер период.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Сините“ веќе ги донесоа Хаким Зијах за кого потрошија 36  милиони финти, а го официјализираа и трансферот на Тимо Вернер за 52 милиони фунти.

Лампард е заинтересиран и за уште неколку големи ѕвезди како Каи Хаверц и Џејдон Санчо, па поради тоа ќе мораат да продадат едно големо име.

Најголем интерес постои за Нголо Канте, чија цена во моментов изнесува 70 милиони фунти.

Реал Мадрид е спремен да ја плати таа сума бидејќи Французинот е голема желба на Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед и Арсенал го сакаат Де Кетеларе

 Манчестер Јунајтед и Арсенал покажуваат сериозен интерес за белгискиот репрезентатив…