Дома Останати Тенис Кирјос со жестоки критики: Кретенска беше одлуката да се игра тој турнир

Кирјос со жестоки критики: Кретенска беше одлуката да се игра тој турнир

„Адрија Тур“како што е познато е откажан откако беше потврдено дека Григор Димитров е заразен со коронавирус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Димитров преку социјалните мрежи потврди дека е позитивен на коронавирусот, а потоа се тестираа и останатите тенисери. Утрово беше објавено дека се заразени уште тројца тенисери, а сите се во исчекување на резултатите на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ не се тестираше во Задар и тоа ќе го направи веројатно денес во Белград. После вчерашните вести голем дел од спортската јавност го критикуваа Ѓоковиќ и неговата организација. Први кои се огласија беа Енди Родик и Стен Вавринка, а нив им се придружи и Ник Кирјос кој не штедеше критики.

„Кретенска беше одлуката да се игра тој турнир во ова време. Момци, ви посакувам брзо опоравување, но тоа се случува кога не се придружувате до правилата. Луѓе, ова не е шега“, изјави Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …