Дома Останати Кошарка Македонски кошаркар ќе игра во американската НЦАА лига – во колеџ-тим кој го даде Клеј Томпсон!

Македонски кошаркар ќе игра во американската НЦАА лига – во колеџ-тим кој го даде Клеј Томпсон!

Андреј Јакимовски кој дебитираше за Македонија во натпреварите против Естонија и Русија кариерата ќе ја продолжи во САД во редовите на Вашингтон стејт универзитетот во НЦАА-лигата.

Во историјата на македонската кошарка првпат се случува некој член на националниот тим место да потпише професионален договор со некоја екипа во Европа да избере да оди во колеџ-лига во САД.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Изминатите неколку сезони Јакимовски играше во Италија каде што минатата сезона беше дел од второлигашот Торино. Јакимовски имаше понуди од европски и домашни екипи, сепак се реши да оди во НЦАА која ако кариерата му се развива во добар правец би можела да му биде отскокна даска за место во НБА.

Во редовите на Вашингтон стејт тој доаѓа по барање на тренерот Кајл Смит. Инаку првите чекори во Вашингтон стејт ги направи денешната ѕвезда на Голдеј Стејт, Клеј Томпсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…