Дома Фудбал Останато Кина ќе почека, Жардим во Монако до 2020!

Кина ќе почека, Жардим во Монако до 2020!

Одличниот тренер го продолжи договорот со клубот од Кнежеството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Многу се пишуваше дека Леонардо Жардим е пред заминување во Кина за огромна сума на пари, но тоа не се случи. Монако на својот официјален сајт објави дека Жардим го продолжил договорот до 2020 година.

„Довербата која клубот ми ја покажа беше исклучително важна за мене. Се чуствувам како дел од Монако. Затоа сум среќен што ќе продолжам да работам тука. Последните три сезона беа неверојатни. Сакам да продолжиме да растеме како клуб и се надевам дека во наредната сезона ќе влеземе со иста желба како и во оваа“, изјави Жардим за клупскиот сајт.

Жардим во Монако пристигна во 2014 година. Овој 42 годишен Португалец го предводеше Монако на 114 натпревари во Лига 1 од кои на 67 запиша победи, 30 завршија без победник, а беше поразен на 17.

Одличниот стратег во Монако би требало да заработува колку и до сега, 4.5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентинците со сензационална најава пред полуфиналето со Англија: Белингем под знак прашање!

Зад нас е 33. ден од Светското првенство, кој може да се опише како тишина пред бура. Како…