Дома Фудбал Италија Сари за Пјаниќ: Играше лошо 4-5 натпревари, сега треба да покаже дека е голем играч

Сари за Пјаниќ: Играше лошо 4-5 натпревари, сега треба да покаже дека е голем играч

Маурицио Сари во медиумите зборуваше за Миралем Пјаниќ кој во изминатиот период на големо се поврзува со преминување во Барселона.

Барселона и Јувентус веќе некое време водат преговори за потенцијалниот трансфер на Пјаниќ, сепак засега нема договор. Сари сега отворено кажа дека Пјаниќ не играл баш најдобро во последниот период пред прекинот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Миралем е фантастичен играч, но не може да си дозволи да игра лошо како што тоа го направи во 4-5 натпревари. Разговарав со него, но не можеше да се опорави од тие лоши натпревари. Мора да разбере дека големите играчи можат да направат грешки, мора да покаже дека е голем и да реагира“, изјави Сари.

Инаку, Јувентус утре ја продолжува сезоната со натпреварот во Купот на Италија против Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…