Дома Трансфер зона Ван дер Сар потврди: Манчестер Јунајтед го сака Ван де Бек

Ван дер Сар потврди: Манчестер Јунајтед го сака Ван де Бек

Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар потврди дека Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за нивниот играч за врска, Дони ван де Бек.

Вчера пишувавме дека „црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори, а денес пристигна потврда од Ајакс.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Фактот што „кралевите“ се уште немаат комплетен договор со Ајакс им даде можност на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во трката за неговиот потпис.

„Јасно е дека клубови како Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за Дони Ван де Бек.  Ние не сме приморани да ги продаваме нашите најдобри играчи, но не можеме да им стоиме на патот“, изјави Ван дер Сар.

Ајакс настојува да биде платена откупната клаузула од 50 милиони евра, додека Јунајтед се обидува да го комплетира трансферот за 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја најде замената за Каземиро

Манчестер Јунајтед силен интерес за играчот на Астон Вила и бразилскиот репрезентативец, Д…