Италијанските гиганти Јувентус и Интер се заинтересирани за десниот бек на Арсенал, Хектор Белерин, пренесуваат медиумите на Апенините.
25-годишниот Шпанец скоро целата своја кариера ја помина во Арсенал, но веќе е уморен од недостатокот на амбиција на клубот и сака да ја промени средината за да се бори за трофеи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус и Интер можат да му понудат редовно да се натпреварува во Лигата на шампиони, па веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Оваа сезона Белерин одигра само 16 меча за Арсенал, па „топџиите“ се спремни да го пуштат доколку пристигне примамлива понуда. Шпанецот има долг договор со лондонскиот клуб, а неговата цена се движи помеѓу 20 и 30 милиони евра.