Дома Фудбал Останато Анчелоти: Зидан ја промени мојата визија за фудбал

Анчелоти: Зидан ја промени мојата визија за фудбал

Искусниот италијански стратег, Карло Анчелоти призна дека Зинедин Зидан многи влијаел во неговото развитие во тренерската кариера.

Анчелоти како тренер на Јувентус имаше можност да работи со Зинедин Зидан и тврди дека Французинот ја променил неговата визија за фудбалот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Со Зидан се обидов да ја променам мојата идеја за фудбал. Тој беше првиот играч кој ми даде можност да ја променам формацијата и да играм на различен начин. Со Зидан првата година во Јуве играв 3-4-2-1 со Дел Пјеро и Инзаги напред, а Зизу позади нив. Втората година играв со четворица во одбраната, но напред исто со двајца напаѓачи и Зидан позади нив“.

„Зизу ја промени мојата визија за фудбал. Пртходно јас бев фокусиран само на 4-4-2, а после Зидан се променив бидејќи сакав да го поставам на најдобрата позиција за него, за да може да се чувствува конфорно на терен и да го дава најдоброто од себе“, открива Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…