Дома Фудбал Италија Фелипе Мело: Мартинез е напаѓач за иднината

Фелипе Мело: Мартинез е напаѓач за иднината

Поранешниот фудбалер на Интер верува дека Лаутаро Мартинез е напаѓач за иднината, и тоа дека е подобар играч од Лукаку.

Лукаку му помогна на Мартинез оваа сезона да го покаже она што го знае најдобро, а во досегашниот дел од сезоната постигна 16 погодоци и запиша четири асистенции.

„Ги следам игрите на Лаутаро. Ме потсетува на Габриел Жесус, кој многу работи без топка, но и постигнува многу погодоци.“ – изјави Мело и додаде:

„Тој е напаѓач за иднината. Има 22 години, а веќе постигнува многу голови. Напаѓачот секогаш мора да постигнува многу голови.“

Останува да видиме дали Мартинез ќе остане во Интер или на крајот ќе заврши во Барселона која сериозно се интересира за неговите услуги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фановите го „разоткрија“ Мареска: Веќе почна да го глуми Пеп! (ВидеО)

Mанчестер Сити со победа отвори нова ера на Етихад. Граѓаните во првото коло од Премиер ли…