Дома Фудбал Англија Ѕвездата на Тотенхем поминал низ хорор: Разбојници му влегле дома, го врзале за стол, го удирале и го ограбиле!

Ѕвездата на Тотенхем поминал низ хорор: Разбојници му влегле дома, го врзале за стол, го удирале и го ограбиле!

Репрезентативецот на Англија и Тотенхем, Деле Али поминал низ хорор објавија англиските медиуми.

Наводно, вчера утрото разбојници влегле во неговиот дом и го врзале за столот додека тие „оперирале“ низ куќата. Освен тоа Деле Али бил удрен и со неколку тупаници, а му се заканувале и со нож.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


За среќа не се здобил со посериозни повреди. Во куќата кога се случил овој настан бил уште неговиот брат, еден пријател и нивните девојки.

Разбојниците откако си ја завршиле работата си заминале, а со себе однеле вредни часовници и накит. За оваа ситуација официјално се огласија и од полицијата.

„Полицијата беше повикана по пријава за грабеж. Двајца мажи украле накит и часовници по што избегале. Едно лице од куќата добило неколку удари во лицето, меѓутоа не побарал лекарска помош. До овој момент нема уапсени за настанот, истрагата ќе продолжи“, стои во објавата од полицијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…