Дома Фудбал Останато „Мбапе е како Болт, покрај него изгледаме како деца од 12 години“

„Мбапе е како Болт, покрај него изгледаме како деца од 12 години“

Килијан Мбапе е толку брз што покрај него соиграчите изгледаат како деца во трка со Усеин Болт, смета Андер Ерера.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Брзината е една од главните одлики на младиот француски фудбалер.

„Ние изгледаме како деца од 12 години, а тој како Усеин Болт. Кога е пред голманот има способност да застане, размисли и постигне гол. Тоа не е лесно. Брз е, силен и мирен. Верувам дека во 2025 година ќе ја добие Златната топка“, изјави Ерера.

Ќе потсетиме, поради пандемијата од коронавирусот првенството во Шпанија беше прекинато. Мбапе ја доби Златната копачка, а предложи наградата да ја подели со напаѓачот на Монако Висам Бен Једер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…