Дома Фудбал Поранешниот репрезентативец на Англија: Место витамини, пред тренингот испив вијагра

Поранешниот репрезентативец на Англија: Место витамини, пред тренингот испив вијагра

Карлтон Кол, поранешниот играч на Челзи и Вест Хем се потсети на анегдота од еден тренинг на репрезентацијата на Англија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кол откри дека пред еден тренинг на репрезентацијата место витамини земал вијагра.

„Место витамини испив вијагра. Можете само да замислите, бев најбрз на тој тренинг. Логично, затоа што имав три нозе“, изјави Кол.

За се бил виновен Џермејн Дефо кој денес игра во Глазгов Ренџерс.

„Зема затоа што мислеше дека тоа се витамини и дека се добри за неговото тело. Кога му кажавме што испил неговиот израз на лицето беше непроценлив. Само му кажав – ќе мораш да се бориш со тоа неколку часа“, раскажа Дефо.

За репрезентацијата на Англија Кол настапи седум пати, не постигна ниту еден гол, а кариерата ја заврши на 36 години во индонезискиот Перисб Бандунгу.

„Што да ви кажам, тоа се работи на кои не сакам да се сеќавам, но соиграчите и пријателите секогаш ме потсетуваат и се шегуваат на моја сметка“, заврши Кол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик доби понуда од Барселона за нов договор, веднаш им ја соопшти својата одлука

Во последно време навивачите на Барселона најмногу се прашуваа што ќе се случи со Ханси Фл…