Вчера гостин во „Нестор ТВ“, серијалот кој од пред некое време го започна Илија Несторовски беше Бобан Николов.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Несторовски на својот Инстаграм профил разговараше со неговите соиграчи од репрезентацијата и Удинезе, но и музички ѕвезди како Панчо ДНК и Влатко Лозаноски.
Со Николов Нестор разговараше на различни теми, а штипјанецот откри дека два пати ја одбил Романија пред да го облече дресот на Македонија. Николов беше дел од академијата на Хаџи и поради тоа имаше можност да го носи и романскиот дрес, сепак за наша среќа тој ја избра Македонија.
Во кариерата Николов настапуваше за Вардар во генерацијата која се пласираше во Лигата на Европа, а во Унгарија покрај МОЛ Види за кој настапува сега играше и за Витроул. Треба да се спомене и дека беше дел од У21 репрезентација која обезбеди историски пласман на едно Европско првенство.
Николов откри и дека би можел да се пресели кај Пандев во Џенова – повеќе за ова тука.