Фудбалерите на Реал Мадрид повторно ќе се вратат да тренираат во спортскиот центар на 11 мај, пренесуваат шпанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Властите во Шпанија дозволија индивидуални тренинзи од 4-ти мај, но пред да продолжи тренажниот процес фудбалерите ќе бидат подложени на тестови. Фудбалерите ќе бидат испитувани нелколку дена следната недела.
Според препораките на Минстерството за здравство ќе бидат тестирани сите фудбалери. Од 11-ти мај Реал ќе ги продолжи тренинзите со што е можно помалку персонал во тренинг-центарот.
Етапно ќе се започне со формирање помали групи за тренинг, а се очекува Примера да продолжи во средината на јуни.