Играчот за врска на Барселона, Рафиња Алкантара од следната сезона повторно би можел да се врати во Серија А, пренсуваат италијанските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рафиња оваа сезона игра како позајмен фудбалер во Селта и на лето ќе се врати на „Камп Ноу“, но јасно е дека за него нема место во Барселона.
Неговиот договор истекува за една година, па италијанските клубови би можеле да ја искористат таквата ситуација да го донесат за поволна цена.
Интерес за плејмејкерот покажуваат Милан и Лацио, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Рафиња пред две години играше во Интер како позајмен фудбалер и покажа одлични партии во Серија А, па е спремен повторно да се врати во Италија.