Дома Топ вести „Бомбастичен“ трансфер на повидок: Зидан ја сака ѕвездата на Баерн

„Бомбастичен“ трансфер на повидок: Зидан ја сака ѕвездата на Баерн

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е заинтересиран за дефанзивецот на Баерн Минхен, Давид Алаба, пренесува весникот „АС“.

Зидан е во потрага по фудбалер кој ќе биде долгорочна замена за Марсело и верува дека австрискиот репрезентативец ќе биде идеално решени.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Актуелниот договор на Алаба со минхенскиот клуб истекува во 2021 година, а двете страни се далеку од продолжување на договорот.

Играчот на лето ќе влезе во последната година од договорот и Баерн ќе мора да го продаде, па Реал сака да ја искористи таквата ситуација. Неодамна и самиот Алаба најави дека е спремен да ја промени средината.

Оваа сезона, Алаба одигра 28 натпревари за Баерн, постигнувајќои еден гол и две асистенции. Зидан го сака бидејќи Австриецот е поливалентен и може да игра на неколку позиции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…