Со оглед на ситуацијата со коронавирусот бројни клубови своите состаноци ги водат преку видео конференции.
Се зборува за проблемите, за плановите во иднина, а еден таков состанок пред неколку дена одржал Зинедин Зида со фудбалерите на Реал Мадрид, не сметајќи дека истиот ќе внесе немир во соблекувалната.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Зидан инсистирал состанокот да остане во тајност и за содржината во него да знаат само тој и играчите, меѓутоа после неколку часа во шпанските медиуми процурија информации.
Француската легенда се налутил зошто некој им ги пренел информациите од состанокот на новинарите и во исто време најавил дека ако открие кој стои зад тоа, ќе биде жестоко казнет.
Што се однесува за сезоната во Шпанија, Реал моментално заостанува два бода во однос на Барселона.