Дома Фудбал Германија Коман место со Ауди, дошол на тренинг со Мекларен, па ќе плати 50.000 евра – оправдувањето му е бизарно!

Коман место со Ауди, дошол на тренинг со Мекларен, па ќе плати 50.000 евра – оправдувањето му е бизарно!

Раководството на Баерн Минхен неодамна најави дека ќе ги казни сите фудбалери кои не возат автомобили кои клубот ќе им ги даде на користење.

Баерн од 2006 година има соработка со „Ауди“, овој автомобилски гигант има нешто повеќе од 8% од акциите на клубот и поради тоа сите фудбалери на клубот се должни да ги возат автомобилите на овој произведувач.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, Кингсли Коман го прекрши правилото и вчера на тренингот на Баерн се појавил со Мекларен. Тоа скапо ќе го чини. Казната за играчите кои не возат Ауди е 50.000 евра, а Коман имал навистина бизарно оправдување.

„Се извинувам на клубот и Ауди што не дојдов на тренинг со клупскиот автомобил. Причината е што го оштетив ретровизорот на Аудито, но сепак погрешив“, истакна Коман.

Него без оглед на оправдувањето го чека казна. Таа ќе изнесува 50.000 евра, а истата казна го чека секој кој ќе го прекрши ова правило во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…