Дома Фудбал Останато Едно од најлошите засилувања на Арсенал: Дојдов, освоив трофеј и си заминав

Едно од најлошите засилувања на Арсенал: Дојдов, освоив трофеј и си заминав

Eден од најчудните трансфери во историјата на Арсенал Ким Калстром се потсети на својот престој на „Емирати“.

Пензионираниот шведски фудбалер за врска пристигна во Лондон во последниот ден од преодниот рок во 2014 година. Тоа беше големо изненадување за бидејќи Калстром имаше 32 години и беше на залезот од кариерата.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Освен тоа, тој беше и повреден, но сеедно Арсенал го комплетираше трансферот иако на медицинските прегледи беше утврдено дека Калстром има проблем со грбот.

После само шест месеци на Калстром му истече позајмицата и тој се врати во Спартак Москва. Многумина го паметат како едно од најголемите промашувања во историјата на „топџиите“, но тој на тоа не гледа така. Всушност, тој му помогна на Арсенал да го освои првиот трофеј после девет години. Во прашање е финаленто во ФА Купот во кое Калстром постигна гол од пенал.

„Во тоа време не знаев колку е важен тој натпревар бидејќи за мене Арсенал секогаш беше клуб кој освојуваше трофеи. Се сеќавам на ерата на „непобедливите“. Фреди Љумберг ми беше еден од идолите и не знаев дека поминало толку долго време во кое не освоиле трофеј. Притисокот да се освои нешто беше голем и сите беа свесни за тоа во тоа време, но јас баш и не“.

Потоа се потсети на пеналот кој го претвори во гол.

„Бев на вистинско место во вистинско време. Тие промашија и дојде редот на нас. Секогаш е полесно да се шутира откако противникот ќе промаши. Погодив, победивме и освоивме трофеј. Тој пенал го промени моето искуство во Арсенал. Дојдов, бев повреден и не играв многу…Тогаш постигнав гол од пнеал и на некој начин учествував во освојување на трофеј. Беше тоа важен трофеј за клубот и позитивна работа за мене“, се потсети поранешниот фудбалер.

Инаку, Калстром одигра само четири натпревари за Арсенал, а најдобрите денови од кариерата ги помина во Лион каде што има статус на вистинска легенда. Во Лион играше заедно со Жунињо, Бензема и останати и освои многу трофеј. Кариерата ја заврши пред три години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Санчо кариерата може да ја продолжи во Серија А – ќе игра и во Серија А!

Џејдон Санчо е близу заминување од „Олд Трафорд“, а можна нова дестинација за него би може…