Францускиот фудбалер Тангу Ндомбеле би можел да го напушти Тотенхем после само еден сезона помината во лондонскиот клуб.
Овој 23 годишен фудбалер стигна во Тотенхем минатото лето од Лион во трансфер вреден 60 милиони евра и веднаш покажа дека е вистинско засилување за Спарсите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа реномираниот „Л’Екип“ пишува дека Французинот може да замине ако некои работи во односот со Жозе Мурињо не се променат.
Она што го натерало да размисли за својата иднина во Тотенхем се случило во вторникот. Тогаш Мурињо без никаква најава се појавил пред неговата врата и му наредил да одат на трчање.
„Се појави пред неговата врата без најава и му кажал: Сиџи, идеме да трчаме“, тврди „Л’Eкип“.
На францускиот фудбалер тоа му засметало затоа што туку што го завршил утринскиот тренинг и сега морал да одработи нов. Наводно, ова било причина тој да размислува дали да остане. Овој фудбалер пред да дојде во Тотенхем се поврзуваше со уште неколку клубови, меѓу кои беше и Барселона.
Инаку, Мурињо во текот на неделата беше виден со Ндомбеле, Сесењон и Девисон Санчез во паркот и со тоа предизвика критики од јавноста поради заедничките тренинзи во време на пандемијата со коронавирусот.