Дома Фудбал Останато Роналдо после 22 години откри зошто ја напушти Барселона и потпиша за Интер

Роналдо после 22 години откри зошто ја напушти Барселона и потпиша за Интер

Бразилецот Роналдо своевремено беше најдобар фудбалер во светот, но повредите на коленото го запреа да остави уште поголем печат.

Роналдо уште како тинејџер се појави во ПСВ каде што воодушевуваше со своите настапи, а тоа го искористи Барселона која го доведе летото 1996 година за сума од 15 милиони евра.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Неверојатниот Бразилец во сезоната која ја одигра за Барселона на 49 натпревари постигна 47 голови и покажа за каков играч се работи. Фудбалскиот свет беше воодушевен и многумина предвидуваа дека Барселона со него ќе доминира во Европа.

Меѓутоа Роналдо после само една сезона ги напушти Каталонците и тоа беше голем шок. Бразилецот потпиша за Интер за сума од 28 милиони евра што тогаш беше апсолутен рекорд кога во прашање е висината на оштета за еден играч.

После 22 години Роналдо конечно проговори за тој трансфер. Бразилецот во Интер доби поголема плата од онаа која му ја нудеше Барселона.

„Во Барселона не ме ценеа доволно. После одличната сезона ми понудија договор кој навистина беше недоволен. Дојде понудата од Интер и одлучив да ја прифатам. Таму покажаа колку ме ценат затоа што ми овозможија се што побарав“, изјави Роналдо.

Роналдо за Интер одигра 98 натпревари и постигна 59 голови, но двете тешки повреди го спречија да остави подлабока трага во овој клуб. После Мундијалот во 2002 година го напушти Интер и потпиша за Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мбапе не погодува ни од пенал, Реал тоне🎥

Реал Мадрид загуби на гостувањето кај Ливерпул и додатно ја продлабочи кризата, а во Лигат…