Италијанските медиуми објавија пред неолку дена дека Златан Ибрахимовиќ на крајот на оваа сезона ќе го напушти Милан.
Искусниот напаѓач на „Сан Сиро“ стигна на почетокот на оваа година како слободен играч, а со Милан потпиша договор до крајот на сезоната. Ибра има опција да ја продолжи соработката на уште една година, но изгледа тоа нема да се случи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Медиумите во Италија објавија пред неколку дена дека Ибрахимовиќ нема да остане во Милан поради несогласување помеѓу челниците на клубот. Наводно Милан му понудил место во клубот, но тоа би значело дека би морал да ја заврши кариерата ова лето.
Сепак, „Газета дело Спорт“ пишува дека Ибрахимовиќ не е спремен да стави крај на кариерата и сака да игра уште.
Според информациите на „Газета“ неколку клубови од Серија А покажале интерес за Златан, имињата не се објавуваат, меѓутоа се тврди дека Швеѓанецот пред себе има неколку опции. Што ќе се случи останува да видиме во летото кое следи.