Дома Фудбал Останато Нејмар во соблекувалната дознал за смртта на Коби, сега опиша како сето тоа изгледало

Нејмар во соблекувалната дознал за смртта на Коби, сега опиша како сето тоа изгледало

Пред нешто повеќе од два месеци светот беше во шок откако се потврди дека во хеликоптерска несреќа животот го загуби Коби Брајант.

Хеликоптерот на Брајант се урна во близина на Лос Анџелес и со него загинаа заедно уште осум лица помеѓу кои беше и неговата ќерка. Загубата на ден од најдобрите кошаркари на сите времиња прилично ја здрма светската јавност.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На оваа тема сега зборуваше Нејмар кој беше меѓу првите кои му оддадоа почит на Коби. Тоа беше на натпреварот помеѓу ПСЖ и Лил кога Нејмар на полувреме од натпреварот ја слушнал страшната веста.

„Коби го запознав во Париз затоа што често доаѓаше. Имавме посебен однос затоа што тој беше одличен човек и светот навистина многу изгуби. Неговата смрт многу ме потресе бидејќи како спортисти имавме многу заедничко. Му го посветив тој гол, но и тогаш бев во голем шок поради сето тоа. На полувремето во соблекувалната ни кажаа што се случило. Сите бевме шокирани, мислевме дека некој се шегува со нас, но за жал не беше така“, призна Нејмар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…