Дома Останати Бугарскиот боксер пола хорнорар од борбата со Џошуа ќе го – донира!

Бугарскиот боксер пола хорнорар од борбата со Џошуа ќе го – донира!

Бугарскиот боксер Кубрат Пулев кажа дека половина од неговиот хонорар од борбата за титулата за светски шампион во тешка категорија против Ентони Џошуа, ќе ја донира на здравствените работници, кои се борат против коронавирусот.

Мечот меѓу Џошуа и Пулев требаше да се одржи на 20 јуни во Лондон на стадионот на Тотенхем, но поради пандемијата тој е одложен на неодредено време.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


„Половина од парите кои ќе ги заработам од борбата против Џошуа, ќе ги донирам на нашите неуморни јунаци, доктори, медицински сестри и болници, кои се борат против вирусот“, кажа Пулев.

Се очекува Бугаринот од борбата да добие околу пет милиони долари, што значи дека половина ќе даде како помош до здравството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ембид стави потпис на еден од најскапите договори во историјата

Кошаркарот на Филаделфија, Жоел Ембид потпиша нов тригодишен договор со екипата вреден 193…