Во медиумите се појави информација дека Бразилецот Нејмар е анонимен донатор кој пред неколку дена донирал на УНИЦЕФ 750.000 фунти во борба против коронавирусот.
Нејмар сакал да остане анонимен во целата оваа приказна, но бразилските медиуми сепак објавија дека тој донаторот на сумата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дел од парите ќе одат за УНИЦЕФ, а дел во фондот за солидарност кој е основан во Бразил од страна на новинарот Лусијано Хук.
Ова не е прв случај во светот на фудбалот и спортот претходно донираа Меси, Роналдо, Ѓоковиќ, Федерер, Луис Хамилтон и многу други.
Приказната на Нејмар е специфична по тоа што не сакал да му биде откриено името, меѓутоа сепак тоа дошло до јавноста.
Тој во овој момент престојува во родниот Бразил бидејќи во Лига 1 пауза поради коронавирусот.