Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и ПСЖ започнале преговори за интересна трампа, која треба да се комплетира кога ќе се отвори летниот преоден рок.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо се обидува да го донесе во Париз својот сонародник Лукас Пакета. Бразилецот во јануари беше донесен во Милан за 35 милиони евра и уште на првите натпревари за Росонерите покажа дека има квалитет и дека ќе биде голем играч.
Меѓутоа, оваа сезона не се вклопува во формацијата на Пиоли, па често ја грее клупата за резерви и самиот сака да ја промени средината.
Милан за неговата слобода бара 30 милиони евра, а ПСЖ на „росонерите“ им нуди трампа. Италијанскиот клуб е заинтересиран за играчот за врска Леандро Паредес, па двата клуба би требало наскоро да ја комплетираат трампата.