Дома Топ вести Навивачите на Милан ќе бидат бесни: Тео Ернандес за 50 милиони се сели во големиот ривал

Навивачите на Милан ќе бидат бесни: Тео Ернандес за 50 милиони се сели во големиот ривал

Милан и оваа сезона бележи лоши резултати и без разлика кога ќе се заврши сезоната „росонерите“ нема да можат да обезбедат пласман во Лигата на шампиони.

Поради тоа на лето повторно се очекуваат големи промени во таборот на „росонерите“, а последната вест која доаѓа од Апенините сигурно ќе ги разочара навивачите на Милан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Единствена светла точка кај „росонерите“ оваа сезона е Тео Ернандес, кој во летото пристигна од Реал Мадрид за 20 милиони евра. Тој игра фантастично оваа сезона и се етаблираше во еден од најдобрите леви бекови во Европа.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Јувентус е силно заинтересиран за Французинот и спремил понуда од 50 милиони евра.

22-годишниот лев бек оваа сезона одигра 25 натпревари за Милан на кои постигна 6 гола и запиша 2 асистенции, а на лето може да се пресели во редовите на големиот ривал.

Сепак, јасно е дека Милан нема така лесно да се откаже од својата нова ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…