Дома Трансфер зона Роналдо не сака да го продолжи договорот со Јувентус?

Роналдо не сака да го продолжи договорот со Јувентус?

Пред неколку дена спортските медиуми во Италија објавија дека Јувентус му понудил на Роналдо продолжување на соработката до 2024 година, сега пристигнува нешто како дополнување на оваа вест.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Старата дама“ од Торино направи одличен потег со ангажманот на Роналдо и не е чудно што сакаат да ја продолжат соработката. Сепак, денес на Апенините се пишува дека Роналдо ја одбил понудата затоа што размислува за американската МЛС лига.

Според информациите Роналдо има намера после истекот на актуелниот договор со Јувентус да се пресели во САД. Кога е САД во прашање Португалецот веќе се поврзуваше со тимот на Дејвид Бекам, Интер Мајами.

 Наводно Роналдо веќе разговарал со Бекам да дојде во неговиот клуб летото 2022 година. Нема сомневање дека доаѓањето на Роналдо во Интер Мајами за Бекам би бил полн погодок, посебно од маркетиншка страна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…