Арсенал и Тотенхем како приоритет во летниот преоден рок поставија доведување на врвен дефанзивец, па и двата лондонски клуба се интересираат за дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен.
Ловрен не е прв избор кај Јирген Клоп. Иако има уште една година од договорот, извесно е дека ќе го напушти Енфилд, а би можел да остане во Премиер лигата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ловрен уште минатото лето беше на излезна врата, но одлучи да остане во Ливерпул, а покрај споменатите клубови интерес за 30-годишниот Хрват покажуваат и неколку италијански клубови.
Ливерпул нема ништо против да го продаде Ловрен на директен конкурент и веќе ја постави цената, па за неговата слобода ќе бара 18 милиони фунти.