Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски изненаден од ситуацијата: Не знам што се случува и ние веројатно нема да тренираме

Алушовски изненаден од ситуацијата: Не знам што се случува и ние веројатно нема да тренираме

Токму во моментите кога Вардар денес ја одржуваше прес-конференцијата пред натпреварот против Нексе кој требаше да се игра во недела пристигнаа информации за одложувањето на натпреварите против Нексе во СЕХА и Пик Сегед во Лигата на шампионите.

Бидејќи се откажани натпреварите Вардар ќе ги следи чекорите како и останатите клубови и ќе ги распушти ракометарите најмалку во наредните 4-5 дена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„До денес се подготвувавме за натпреварот во недела. За нас ова е хендикеп, во овој момент сме подобар тим од Нексе и во недела очекувавме да го потврдиме пласманот на Ф4 во СЕХА. Сепак, мораме да ги почитуваме насоките кои ги дава државата. И во Европа во овие моменти практика е играчите да бдат распуштени 4-5 дена. Веројатно и ние ќе се одлучиме на таков потег. Нашите тренинзи со 80% сигурност ќе бидат одложен. Искрено, јас лично сум изненаден и не знам што се случува“, изјави Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Гоце Георгиевски останува во Вардар!

Десното крило на Варар Гоце Георгиевски ќе остане во таборот на црвено-црните уште една се…