Дома Фудбал Англија Младиот фан го „урочи“ Клоп: Откако тој побара пораз, Ливерпул почна да губи!

Младиот фан го „урочи“ Клоп: Откако тој побара пораз, Ливерпул почна да губи!

Тимот на Ливерпул имаше имперсивна сезона и немаше ниту еден пораз до пред три недели, а од тогаш запиша три порази во три различни натпреварувања.

„Црвените“ загубија на гостувањето кај Атлетико во ЛШ (1:0), потоа следеше првиот пораз во Премиер лигата од Ватфорд (3:0), а синоќа загуби од Челзи (2:0) и беше елиминиран од ФА Купот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Само до пред еден месец четата на Клоп делуваше непобедливо, па тогаш еден млад навивач на Манчестер Јунајтед од Ирска му испрати писмо на Клоп.

„Драг Клоп. Ливерпул многу победува. Ако победите на 9 натпревари во низа ќе имате најдолга низа на непобедливост во историјата на англискиот фудбал. Бидејќи јас сум фан на Манчестер Јунајтед тоа ме прави тажен. Ве молам да изгубите на следниот натпревар. Треба само да му доволите на противникот да ве победи. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата или барем да не победувате повеќе“, гласеше писмото на 10-годишното момче.

Медиумите на Островот се шегуваат дека младиот фан го „урочил“ тимот на Клоп, кој од тогаш запиша три порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Копа Америка воведе дополнителна замена во посебна ситуација

Претставниците на Копа Америка следниот месец ќе имаат можност за дополнителни замени во с…