Атлетико Мадрид минатото лето го купи Маркос Љоренте од градскиот ривал, но ова лето би можел да донесе уште една „кралска“ ѕвезда.
Доброинформираниот новинар Едуардо Инда тврди дека „јорганџиите“ го сакаат Хамес Родригез. Атлетико и минатото лето го сакаше Колумбиецот, но тогаш Реал не сакаше да го пушти во градскиот ривал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, оваа сезона Хамес не добива голема минутажа кај Зидан, па јасно е дека на лето ќе ја промени средината.
„Уште минатото лето кажав дека Атлетико сака да го донесе Хамес. Меѓутоа, трансферот беше запрен бидејќи Реал се плашеше да го засили градскиот ривал, а после продажбата на Љоренте не сака да им дадат уште еден фудбалер. Атлетико планира на лето нова офанзива за потписот на Хамес“, изјави Инда.
Познато е дека „јорагнџиите“ имаат одличен однос со агентот на Хамес, Жорге Мендеш, па тоа ги прави фаворити за неговиот потпис.