
Бившиот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ остана без клуб откако спогодбено го раскина договорот со Трабзонспор.
30-годишниот англиски напаѓач постигна седум гола и запиша четири асистенции на 16 меча за турскиот тим, каде пристигна ова лето како слободен агент од Ливерпул.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Договорот на Стариџ со Трабзонспор истекуваше во 2021 година, но клубот официјално лотврди дека договорот е раскинат со взаемна согласнот, па напаѓачот е слободен агент во моментов.
Медиумите најавуваат дека Англичанецот ќе ја продолжи кариерата во САД, но Астон Вила и Вест Хем исто така го сакаат во своите редови.