Дома Фудбал Англија Стариџ ја доби казната за обложувачкиот скандал

Стариџ ја доби казната за обложувачкиот скандал

Веќе поранешниот напаѓач на Ливерпул, Даниел Стариџ ќе биде суспендиран на шест недели и ќе мора да плати казна од 75.000 фунти, откако беше прогласен за виновен од Фудбалската асоцијација на Англија за кршење на правилата за обложување.

Казната на поранешниот англиски репрезентативец стапува на сила на 17 јули, но четири недели ќе бидат одземени за соработката што ја дал во текот на истрагата.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова значи дека тој ќе биде во можност да продолжи да игра на 1 август, иако во моментов нема тим. Против Стариџ беа поднесени вкупно 11 обвиненија во врска со издавање на незаконски трансфер информации во јануари 2018 година.

За 9 од овие обвиненија поранешниот играч на Ливерпул беше ослободен, но за две од нив беше прогласен за виновен. Стариџ му дал инструкции на својот брат Леон да се обложи дека ќе оди во Севиља, но на крај не го стори тоа, и тој замина на заем во Вест Бромвич Албион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …