Дома Трансфер зона Не е само Стерлинг, Реал сака уште една ѕвезда на Сити

Не е само Стерлинг, Реал сака уште една ѕвезда на Сити

Реал Мадрид сака да ја искористи ситуацијата во Манчестер Сити и да им ја „украде“ една од најголемите ѕвезди во тимот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Граѓаните“ добија суспензија од страна на УЕФА за двегодишна суспензија во Лигата на шампиони, па медиумите тврдат дека тоа ќе доведе до заминување на некои ѕвезди од тимот.

Реал Мадрид сака да ја искористи таквата ситуација и спремил богата понуда за Кевин де Брујн.

Шпанските медиуми тврдат дека „кралевите“ будно ја следат ситуацијата во Манчестер, па Белгиецот ќе биде најголема трансфер желба на Зидан.

Де Брујн е посакуван од многу европски гиганти, но Реал Мадрид важи за фаворит за неговиот потпис, а новодно и Азар веќе имал разговор со својот сонародник.

Покрај Де Брујн, „кралевите“ покажуваат силен интерес и за Рахим Стерлинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…