Дома Фудбал Англија Знаете ли кој е единствениот тим без пораз во 2020 година?

Знаете ли кој е единствениот тим без пораз во 2020 година?

Не е никој од Барселона, Ливерпул, Јувентус, Реал, ПСЖ, Баерн…

Единствен непоразен тим  во најсилните пет првенство во 2020 година е – Арсенал! „Топџиите“ од Сверен Лондон се во добра форма од почетокот на 2020 година, но тоа некако помина незабележано.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Арсенал 2019 година ја заврши со пораз од Челзи (1:2) иако до 83. минута тие имаа предност. Од тогаш работите за нив тргнаа во добра насока.

Новиот менаџер Микел Артета дебитираше „нула“ на гостувањето против Евертон, потоа следуваше ново реми на гости против Бурнемоут, а после тој пораз од Челзи тргна добрата серија.

Арсенал дома го совлада Јунајтед со 2:0, го победија Лидс во ФА Купот (1:0), потоа врзаа три нерешени натпревари – Кристал Палас (1:1), Шефилд (1:1) и Челзи (2:2). Потоа го совладаа Бурнемоут во ФА Купот со 2:1, ремизираа со Барнли на гости (0:0) и го декласираа Њукасл дома. Вчера славеа против Олимпијакос во Пиреа (0:1).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Aморим во Манчестер јунајтед има повеќе порази отколку победи

Манчестер јунајтед повторно ги разочара своите навивачи. Иако клубот вложи сериозни средст…