Дома Топ вести Ливерпул со овие засилувања ќе изгледа застрашувачки

Ливерпул со овие засилувања ќе изгледа застрашувачки

Ливерпул оваа сезона игра фантастично и е многу блиску да ја обезбеди титулата во Премиер лигата, а и во Лигата на шампиони постигнува одлични резултати.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сепак, Клоп смета дека тимот значително да биде засилен во летниот преоден рок и веќе има јасен план како треба да изгледа неговиот тим следната сезона.

Клоп сака да донесе еден лев бек кој ќе биде алтернатива за одличниот Робертсон. Прва желба е Макс Кларк од Витесе, кој игра одлично во холандската лига. Како алтернативи се споменуваат Џамил Луис од Норвич и Реиф Дејвис од Лидс.

Клоп ќе се ослободи од незадоволниот Шаќири и за крилната позиција прва мета е Каи Хавертц од Леверкузен, а како алтернатива се споменува Саму Чукуезе од Виљареал.

Медиумите пишуваат дека најголеми промени ќе бидат направени во нападот. Клоп е спремен да го жртвува Фирмињо за да го донесе напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

Доколку биде продаден Фирмињо ќе биде донесена нова голема ѕвезда, а се споменува името на Килијан Мбапе, што ќе биде тешка мисија, а како алтернатива на Французинот може да биде вратен Филипе Кутињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…