Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп неодамна жестоко ја критикуваше ФА поради тоа што клубовите во Англија играат премногу натпревари во текот на една сезона.
Англиските клубови покрај настапите во Премиерлигата, играат уште во ФА-купот и Лига Купот, а доколку изборат пласман во Европа, тогаш бројот на натпревари е уште поголем. Поради тоа Клоп јавно повика еден од куповите да биде укинат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот неодамна одби да го предводи Ливерпул на меч во ФА-купот, а тоа предизвика различни реакции во јавноста. Но, Клоп сигурно ќе биде бесен откако ќе дознае каква е идејата на првиот човек на „црвените“, Том Вернер.
Англиските медиуми објавија дека Вернер сака да почне уште едно натпреварување, кое ќе се игра во рамки на подготовките. А, доколку се случи тоа „црвените“ ќе играат уште повеќе натпревари, што не му одговара на Клоп и неговите фудбалери.
Исто талка претседателот смета дека Ливерпул мора да ги користи најдобрите играчи во сите натпреварувања во кои настапува клубот.