Дома Фудбал Италија Јувентус влегува во преговори со тренерот кој е желба на секој клуб

Јувентус влегува во преговори со тренерот кој е желба на секој клуб

Јувентус минатиот викенд доживеа неочекуван пораз на гостувањето против Верона и така му ја препушти лидерската позиција на Интер.

По натпреварот со Верона, навивачите на Јувентус најмногу го критикуваа Маурицио Сари за тоа што не се задоволни од она што го работи овој тренер. Сари летово ја презеде клупата на Старата дама, но Јуве повеќе не доминира на Апенините како претходно.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Дури и италијанската јавност смета дека Сари не ја исполнил својата задача и дека на крајот на сезоната тој сигурно ќе добие отказ доколку не успее да ја освои Лигата на шампионите.

Веќе на големо се шпекулира дека Јувентус размислува за нов тренер, а според Газета дело Спорт прва желба на Старата дама е Пеп Гвардиола. Јуве ќе се обиде да влезе во преговори со тренерот на Сити, кој го гледа како идеално решение за иднината.

Најважно за нив е што Гвардиола има искуство да ја освои ЛШ како што тоа го стори двапати со Барселона. Но, дали ова ќе биде невозможна мисија или Гвардиола ќе биде заинтересиран за понудата на Јувентус, останува да се види на крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…