Дома Фудбал Германија Откриена луда идеја на Пеп: Гвардиола во Баерн сакал Ноер да го проба како играч за врска!

Откриена луда идеја на Пеп: Гвардиола во Баерн сакал Ноер да го проба како играч за врска!

Пеп Гвардиола за време на својот престој во Баерн од 2013 до 2016 година промени бројни работи.

Од поранешниот капитен на Баерн и до тогаш десен бек, Филип Лам направи последен играч за врска, потоа од левиот бек Давиде Алаба направи стопер, а од талентираниот играч за врска Џошуа Кимих десен бек.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тоа беа некои негови иновации во баварскиот гигант и тука не сакал да застане според зборовите на Карл Хајнц Румениге.

Во разговор за германските медиуми, Румениге откри дека сакал Ноер да го стави во средниот ред.

„Мануел донесе еден вид на револуција, знаеше да игра со топка и го правеше тоа. И понатаму се сеќавам дкеа Пеп кога го освоивме првенството сериозно размислуваше да го стави Ноер во средниот ред. Едвај успеав да го убедам да не го прави тоа. Таа негова идеја можеше да се протолкува како понижување на противниците. Но убеден сум дека Мануел добро би се снашол и на средината на теренот. Тоа ќе беше интересен експеримент’, изјави Румениге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Реал Мадрид покажа сериозен интерес за 19-годишен талент, Барселона ја следи ситуацијата

Реал Мадрид веќе потпиша три играчи, и не се исклучува можноста најмалку уште двајца играч…