Дома Фудбал Италија Хандановиќ има скршен прст, го пропушта дербито со Милан

Хандановиќ има скршен прст, го пропушта дербито со Милан

Голманот на Интер, Самир Хандановиќ заработи повреда пред вчерашниот меч против Удинезе, а денес од клубот потврдија дека има скршеница на малиот прст на левата рака.

Хандановиќ помина прегледи по повредата на левата рака на тренинг. Резултатите покажаа дека скршил прст. Неговата состојба постојано ја следиме“, соопштија од Интер.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ова значи дека многу веројатно Словенец ќе го пропушти дербито со Милан следната недела.

Шанса ќе добие голманот Даниеле Падели, кој се покажа во одлично светло на мечот со Удинезе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ноер упати остри критики кон Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала

Мануел Ноер, голманот на Баерн, упати остри критики кон голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума…